Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2018

Аеродромци протестираат против изградба на објектот кај “Мајчин дом”

0
Жители на населбата Аеродром го блокираа сообраќајот на булеварот Јане Сандански во знак на револт бидејќи продолжиле градежните работи на објектот кај „Мајчин дом“. Жителите велат дека иако градоначалникот Златко Марин во предизборието им ветувал дека доколку биде избран ќе го стопира овој проект, тоа не се случило и продолжило уништувањето на зеленилото.


Претходно градоначалникот на Аеродром излезе на прес-конференција. Според Марин „неколку коментари на Фејсбук“ не се доволни за оставка, а, ова не е задоцнет јавен настап.


„Дека требаше да направиме прес-конференција, направивме лани, пред да се донесе ДУП-от, за време на носењето на ДУП-от, и кажавме дека ќе дојдеме до овој момент еднаш. Не знаевме тогаш кој ќе биде победник на изборите. Работата е дека досега требаше да се изјасни Уставниот суд“, изјави тој.


Уставниот суд сѐ уште не донел решение за ДУП-от, до кој уште лани поднеле претставки и доставиле потребната документација. Мојот став, вели тој, е дека зградата кај Мајчин дом не треба да ја има. Околу потенцијален мораториум на ДУП-овите, смета дека тоа е механизам што го употребува само општина Центар, а не постои никаде во Законот.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса