Времето денеска - Сончево, со мала облачност
Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 21 до 28 степени. Во Скопје слично време, сончево со мала облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од шест до 25 степени.
Според УХМР, во наредните денови продолжува периодот на сончево време со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени и ќе се задржат малку над просекот за овој период од годината.
