Заев: Мукоски се извини и тоа за мене е најголемо простување, но правниот систем мора да важи
Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека ќе се бара помош и од правните институции, да се најдат правни механизми за тоа што значи помирување, што значи простување.
„Тоа понекогаш значи извинување. На првата средба со новата пратеничка група, со пратеникот Крсто Мукоски имаше извинување од негова страна и од моја и од Талат Џафери и тоа за мене е најголемо простување. Но тоа е до мене, но сепак правниот систем мора да важи“, нагласи премиерот.
