Грчките попови веќе нема да добиваат плата од буџетот
Според досегашниот систем, платите на свештениците се исплаќаат директно од државниот буџет, како и на вработените во јавниот сектор, а за платите на свештениците се издвојуваат околу 200 милиони евра годишно. Договорот постигнат помеѓу Ципрас и архиепископот Јеронимос треба да биде усвоен на седница на Влада, во Парламентот и од страна на црквата.
Здружението на грчки свештеници веќе најави дека ќе се спротивстави на секој обид за укинување на статусот државни службеници. Грчката православна црква со векови има водечка улога во државата, а според Уставот, православието е официјална религија во Грција.
