Kога Груевски ќе оди во затвор ќе се знае по жалбените одлуки на судот
Груевски денеска требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“.
Вчера, собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања, по барање на судот, препорача да му биде одземен пратеничкиот мандат на Груевски. Конечната одлука треба да ја донесат пратениците на утрешната пленарна седница. За одземање на мандатот е потребно двотретинско мнозинство. Груевски беше прогласен за виновен и осуден на двегодишна затворска казна за предметот „Тенк“ за набавка на мерцедесот вреден 600 илјади евра.
