Експлозија во Турција: загинаа четворица војници, 20 се повредени
Турското Министерство за одбрана првично соопшти дека во несреќата, што се случила во провинцијата Хакари, се повредени 25 луѓе.
Експлозијата се случила за време на користење тешко оружје во воена база во регионот Семдинли во провинцијата Хакири, што е во близина на границата со Иран и Ирак.
