ЕУ ги осуди изборите во сепаратистичките делови на Украина
„ЕУ „изборите“ планирани за 11 ноември 2018 година, во териториите кои не се контролирани од Владата, Народната Република Луганск и Народната Република Доњецк, ќе ги семета за нелегални и нема да ги признае“, се вели во денешното соопштение на ЕУ.
ЕУ исто така ја повикува Русија „целосно да го искористи своето значително влијание врз сепаратистите кои ги поддржува“, за да се обезбеди брза и целосна имплементација на договорите од Минск, почнувајќи со сеопфатен прекин на огнот и повлекување на тешкото оружје.
Украина исто така ги осуди изборите, кои според договорот од Минск во 2015 година треба да се одржат според украинскиот закон.
