Тачи: Од Путин добив поддршка за дијалогот со Србија
„Во Париз првпат се сретнав со претседателот на Русија, Владимир Путин. Дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија и можноста за постигнување сеопфатен и законски обврзувачки договор беа главниот фокус на нашиот разговор. Во врска со ова прашање претседателот на Русија беше јасен: „Доколку вие (Косово и Србија) постигнете мировен договор, Русија ќе го поддржи тој договор“, напиша Тачи на Фејсбук.
