Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2018

СПЦ застана на страна на Руската православна црква

0
Светиот архиерејски Собор на Српската православна црква (СПЦ) соопшти дека одлуката на Цариградската патријаршија за автокефалност на украинската црква е неоснована, а „одлуката за рехабилитација на расколничките групи е неприфатлива“ и поради тоа Српската православна црква не ги признава. На дводневната седница на Саборот, што се одржа на 6 и 7 ноември, архиереите на СПЦ заклучиле дека Цариградската патријаршија усвои канонски неоснована одлука за рехабилитација и за епископи признала двајца водачи на расколнички групи во Украина, Филарет Денисенко и Макарије Малетиќ, заедно со нивната епископија и свештенството.


Се наведува дека Филарет своевремено бил канонски лишен од чинот, а потоа и исклучен од црковната заедница и подвргнат на анатема, а Макариус, велат од СПЦ, „е лишен од апостолскиот прием како духовен изданок на сектата на таканаречените самосвети“.


Затоа, Светиот архиерејски Собор оваа одлука на цариградскиот Синод ја смета за необврзувачка за Српската Православна Црква. Во соопштението на СПЦ се наведува дека за овој соборски став официјално се информирани сите православни цркви, од Цариградската до Московската патријаршија. 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса