Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2018

Вибер комуникација на 27 април – Отворајте вратите, ако треба ќе гинеме за Македонија

0
Отворајте вратите, се брани Македонија, нема назад, ако треба ќе гинеме за Македонија се дел од СМС и вибер пораките коишто си ги разменувале пратеници и партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ за време на насилствата во Собранието на 27 април минатата година.


На денешното рочиште во Кривичниот суд се читаа пораките од телефонот на пратеникот Крсто Мукоски, кој е еден од обвинетите за насилствата.


Во вибер групата, во која се допишувале, пратеникот Јохан Тарчуловски напишал „удрија душманите, нема назад“, а Васил Пишев „браќа и сестри нема пуштање, ако треба ќе гинеме за Македонија“


Во вибер комуникацијата се вклучува и жена, која во телефонот на Мукоски била запишана како колешка Чаир. Таа пишува „Шекерка мене остајте ми ја. Отварајте дечки вратите“. Сашо Лазаревски во групата напишал „Села веќе може да е аут“, по што Саше Стефановски пишува „50 возила и автобуси од Битола“, а поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески напишал „го заземавме просторот“.


Во 20:36 часот, кога веќе толпата е влезена во Парламентот, соговорник во вибер групата на телефонот на Мукоски пишува „Зоки требаше до сега на едно друго место да биде, ама за тоа другпат“.


Беа читани и пораки од телефонот на пратеникот Весел Мемеди.


На минатото рочиште беше презентирана комуникацијата од мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса