Анѓушев очекува во 2019 да се реализира растот од 3,2 отсто
Тоа се дел од оценките што ги изнесе денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на презентацијата на економските програми од буџетот за следната година.
„По слабите резултати на БДП во првиот квартал, остварениот раст од 3,2 проценти во вториот квартал, во третиот и во четвртиот квартал годинава, очекуваме добри бројки и сметаме дека БДП во 2019 година со сигурност ќе се реализира“, вели вицепремиерот.
Според него, сериозен импакт врз економијата се очекува и од енергетскиот сектор каде по стапувањето во сила на новиот Закон за енергетика и подзаконските акти коишто ќе следат се создаваат предуслови за резултати со инвестиции фокусирани на обновливите извори на енергија.
