Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2018

Пацоли оптимист дека Косово во вторник ќе биде примено во Интерпол

0
Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, денеска објави дека е утврдена агендата на Самитот на Интерпол кој започна денеска во Дубаи и дека за барањето на Косово за зачленување во Организацијата ќе се гласа во вторник, на 20 ноември, јави дописникот на МИА од Приштина.


Шефот на косовската дипломатија, преку својата страница на Фејсбук, изрази оптимизам дека неговата земја ќе биде примена во светската полициска Организација.


„Почеток кој ветува. Потврдена е агендата на самитот на Интерпол и ставена е на дневен ред точката во која Косово аплицира за зачленување. Борбата против меѓународниот организиран криминал и тероризмот е наша цел. Гласањето е во вторник“, напиша Пацоли на Фејсбук.


За да биде примено во Интерпол, а за Косово треба да гласаат две третини од членките на Организацијата.


На самитот на Организацијата во Обединетите Арапски Емирати денеска ќе се избира нов претседател, откако досегашниот претседател Менг Хонгвеи во септември годинава беше уапсен во Кина поради обвиненија за корупција во времето додека бил заменик министер за јавна безбедност на таа земја.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса