Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2018

Забранет влез во шенген зоната за 18 Саудијци поврзани со убиството на Кашоги

0
Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас денеска изјави дека Берлин им забранил на 18 граѓани на Саудиска Арабија да влезат на територијата на 26-те земји-членки на Шенген зоната, под сомневање дека се поврзани со убиството на новинарот Џамал Кашоги. Тој рече дека Германија одлуката за забрана ја донела во соработка со Франција.


"Како и порано, и во овој случај има повеќе прашања отколку одговори, за самото злосторство и за тоа кој стои зад ова", рече Мас.


Мас соопшти дека забраната се однесува на 18 граѓани на Саудиска Арабија, осомничени дека се поврзани со убиството на новинар во Саудискиот конзулат во Истанбул. Портпаролот на министерството за надворешни работи изјави дека не можат да ги откријат имињата на лицата на кои се однесува забраната поради германскиот закон за заштита на приватност.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса