Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2018

Барние повика на смиреност пред конечниот исход за Брегзит

0
Шефот на европскиот преговарачки тим за Брегзит, Мишел Барние, повика да се остане смирен и да се задржи фокусот врз „уредно“ напуштање на Обединетото Кралство на ЕУ. Иако е постигнат напредок и се ближи можен краен исход од преговорите за првиот дел од Брегзит, спогодбата за повлекување на Обединетото Кралство, работата сѐ уште не е завршена, потсетија претпладнево челниците на Европската Унија.


“Се наоѓаме во одлучувачки момент, никој не треба да го изгуби од вид постигнатиот напредок во Брисел и Лондон. Европската страна треба сега да ги одреди внатрешните процедури и да се договори за продолжување на транзицискиот период, изјави Берние.


Тој се заблагодари за поддршката на 27-те земји членки за пакетот за спогодбата за повлекување на Обединитото Кралство постигнато минатата недела.


Во обид да се најде компромис, Барние вчера предложи можност дополнително да се продолжи транзицискиот период (кој начелно трае до декември 2020 со можност за едно пролонгирање), до 2022 година. За време на тој период, Лондон би продолжил да придонесува за европскиот буџет и да ги следи европските стандарди и правила, но не би имал повеќе европратеници ниту еврокомесар во извршната власт. Според Барние, оваа идеја треба да обезбеди време за да се преговара вториот дел од Брегзит, а тоа е иднината на економските и трговските односи помеѓу двата блока.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса