Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2018

Влада очекува унгарските власти да прифатат екстрадиција на Груевски

0
Владата очекува дека властите во Будимпешта безусловно ќе го прифатат барањето за екстрадиција и ќе овозможат враќање на Никола Груевски во Македонија со цел да си ја отслужи казната затвор и да одговара за останатите дела за коишто е обвинет, соопшти денеска владината прес-служба.  


Од Владата посочуваат дека Груевски е осуден во јавен и транспарентен процес и негираат дека тој во ниту една ситуација нема пријавено закани по неговиот живот.


„Никола Груевски е осуден со правосилна пресуда во јавен и транспарентен процес, а истовремено против него се водат уште неколку судски постапки, истраги и уште една предистражна постапка. Осудениот Никола Груевски беше под полициска заштита согласно со правата кои му следуваа како поранешен премиер и тој во ниту една ситуација нема пријавено закани по неговиот живот, се наведува во соопштението. 


Во соопштението Владата наведува дека против Груевски никогаш не бил воден никаков политички прогон и не се евидентирани никакви закани по неговиот живот, ниту пак која било владина институција вршела закани по неговиот живот.


„Оттука констатираме дека единствена цел на Груевски е избегнување на правдата“, се додава во соопштението.


Владата на Република Македонија официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во неговото бегство од земјата и официјално ќе испрати барање за екстрадиција проследено со севкупната документација за процесите и пресудата.


„Владата на Република Македонија очекува дека властите во Будимпешта безусловно ќе го прифатат барањето за екстрадиција и во согласност со почитувањето на меѓународното право како земја членка на ЕУ и НАТО ќе овозможат враќање на Груевски во Македонија со цел да си ја отслужи казната затвор и да одговара за останатите дела за коишто е обвинет“, се наведува во соопштението.


 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса