Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2018

На Груевски за „Траекторија“ ќе му се суди во отсуство

0
Судечкиот совет со кој претседава судијата Горан Бошевски, на денешното рочиште за „Траекторија“, на барање на СЈО, донесе одлука на обвинетиот Никола Груевски, кој избега и доби политички азил во Унгарија да му се суди во отсуство и да биде издаден налог за притвор. Судијата Бошевски констатира дека обвинетиот Никола Груевски не е достапен на органите на прогон, дека се наоѓа на територијата на Унгарија и оти против него е распишана меѓународна потерница. Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова побара, со оглед дека обвинетиот Груевски е во бегство, да му се суди во отсуство и денешната главна расправа да продолжи со изведување докази.


Бранителот на Груевски, Еленко Миланов, наведе дека поради економичност на постапката подобро е таа да биде раздвоена за обвинетиот Никола Груевски. Обвинителката Стефанова, на таквиот предлог се спротивстави и посочи оти судот не треба со раздвојување на постапката да дозволи делото да застари.


Во „Траекторија“ се обвинети и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е во притвор, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски. Според обвинението на СЈО, тие во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса