Постои отворен дипломатски канал на комуникација меѓу Атина и Скопје, за да се избегнат можни варирања од духот на Договорот од Преспа во уставната ревизија што е во тек во ПЈРМ, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Според весникот, повод за ова е дискусијата за одредени точки во предлог амандманите, а особено и за членот 49. Атина има забелешки на формулацијата во предложениот амандман кој се однесува за грижата на Македонците во странство и бара усогласување со членот 108 од Уставот на Грција во однос на Грците во странство, пишува „Катимерини“.
Според весникот, од страна на Грција не постојат јавни притисоци и затоа е избрана тактиката по дипломатски канали.