Туск – Договорена е декларација за врските на ЕУ во Велика Британија после Брегзит
Лидерите од ЕУ треба да се сретнат во Брисел в недела да го одобрат договорот за излегување на Британија од ЕУ.
Велика Британија и ЕУ минатата недела постигнаа договор на 585 страници со кој се одредуваат условите за излегување на Британија од Унијата.
Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се обрати пред пратениците во британскиот Долен дом.
