Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2018

Брисел бара Приштина да ги повлече мерките

0
Брисел бара Приштина да ги укине царините за српските производи од 100 проценти, а обете страни да се воздржат од провокации, изјави Маја Коцијанчич, портпаролка на високата претставничка за безбедносна и надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини. Таа ги отфрли критиките од Приштина дека шефицата на дипломатијата на ЕУ Могерини е пристрасна и оти го критикува само Косово.


Таа посочи дека сите разлики треба да се решаваат во рамки на дијалогот Приштина – Белград.


„Последните акции, мерки и изјави од Косово и од Србија, кои другата страна ги сфати како навреди и провокација, се вознемирувачки, не му користат на дијалогот и нормализацијата на односите и подриваат сè она што беше сработено во рамки на дијалогот“, рече Коцијанчич. Таа рече дека мерките кои ги воведе Приштина се кршење на ЦЕФТА договорот и не се во духот на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.


По неуспехот на Косово да стане членка на Интерпол, Владата во Приштина вчера донесе одлука за зголемување на таксите за производите од Србија и Босна и Херцеговина на 100 проценти. 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса