Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2018

Ленче Ристоска од СЈО избрана за обвинител за врски во Еуроџаст

0
Специјалната обвинителка Ленче Ристоска е избрана за прв обвинител за врски со Македонија во Единицата за судска соработка на ЕУ, Еуроџаст (Eurojust). Таа ги презела должностите на 12 ноември, но прес-службата на Еуроџаст информира денеска. Во соопштението се наведува дека „нејзиното назначување е важен придонес во засилувањето на врските меѓу ЕУ и Западниот Балкан во областа на кривичното право“.


Обвинителот за врски работи со судовите од земјите-членки на ЕУ и треба да ги олесни истрагите за сериозен прекуграничен организиран криминал.


Од 2008 година, Еуроџаст воспостави посилна рамка за структурна судска соработка во борбата против сериозниот прекуграничен криминал меѓу земјите-членки на ЕУ и земјите од Западниот Балкан. „Договорите за соработка, кои ја откочија можноста за сигурна и ефикасна размена на судски информации и споделување на докази, беа потпишани со Албанија, Црна Гора и со ПЈРМ“, се наведува во соопштението.


Во изминатите 10 години, обвинителите од различни земји од ЕУ и од Македонија заеднички работеле на поголем број случаи за проневера, измама, шверц на дрога и шверц на мигранти.


Ристоска од 2015 година работеше како дел од тимот во СЈО и стана препознатлива во јавноста како портпарол на ова обвинителство.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса