Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2018

Лидерите на ЕУ го поддржаа договорот за Брегзит

0
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска во Брисел изјави дека лидерите  на 27-те држави на ЕУ на  самитот го усвоија договорот  за излегување на  Велика Британија од ЕУ.


"Договорот за  Брегзит беше одобрен, но процесот за излез е далеку од завршен", изјави литванскиот претседател Далија Грибаускајт по завршувањето на вонредниот самит во Брисел.

Лидерите на ЕУ го усвоија договорот од 585 страници со кој се дефинираат условите според  кои Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година, како и политичката декларација во која се наведени заедничките цели на Лондон и Брисел за нивните идни релации.


Сепак, договорот сè уште треба да биде усвоен од британскиот парламент, а многу законодавци изјавија дека ќе гласаат против него, вклучително и во конзервативната  партија на премиерката на Британија Тереза Меј.


 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса