Грчки европратеник бара одговори од Могерини за азилот на Груевски
Европратеникот од СИРИЗА, потенцира дека владеењето на правото е фундаментална вредност и за земјите членки и за земјите кандидати за членство и додава дека „премиерот Виктор Орбан и покрај одлуките на ЕУ, не прима баратели на азил“, јави МИА од Атина.
: Ова, очигледно не важеше во случајот на господинот Груевски, кој е осуден за сериозен криминал. Владеењето на правото останува фундаментална вредност како и за државите членки, така и за кандидатите за членство. Унгарија ја поддржува интеграцијата на ПЈРМ во ЕУ, но како што се чини, не смета дека земјата е безбедна, давајќи му азил на Груевски", пишува Кулоглу во дописот со прашањата до Могерини.
