В среда прв состанок на собраниското тело за помирување
Пратениците посочуваат дека сè уште траат консултациите со правниците во врска со законот за помирување. Координативното тело што го предводат потпретседателката на Собранието, Фросина Ташевска Ременски и Емилија Александрова од независната пратеничка група брои 25 членови меѓу кои потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ и претставници на независните пратеници и партиите кои немаат пратенички групи.
Дали ваков закон за помирување ќе има поддршка од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе зависи од тоа што ќе биде понудено, посочуваат пратеници од оваа пратеничка група без разлика на тоа што не учествуваат во работата на координативното тело.
