Притвор за Груевски и за предметот “Талир”
предметот од обвинителството означен како „Талир“, донесе решение со кое го уважи предлогот и на обвинетиот Никола Груевски му определи мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на неговото пронаоѓање, односно лишување од слобода.
“Кривичниот совет при овој суд постапуваше по предлогот и го донесе горе наведеното решение по добиениот допис од претседателот на Собранието на Р.Македонија, кој во судот е примен денеска, а со кој се известува советот дека врз основа на Извештајот на Комисијата за деловничко и мандатно – имунитетни прашања, Собранието на Р.Македонија, согласно член 54 ст. 1 од од Деловникот на Собранието на Р.Македонија го одобрило барањето на кривичниот советпри овој суд за одобрување на мерка притвор против Н.Г., пратеник во Собранието на Р.Македонија”, наведуваат од Основен суд Скопје 1.
Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од 24 часа до Апелацискиот суд. Инаку поранешниот премиер пред 15 дена, на 13 ноември, на социјалната мрежа Фејсбук објави дека е во Будимпешта, а неколку дена подоцна напиша и дека добил азил. Во Македонија треба да одлежи две години во затвор поради случајот “Тенк”.
