Средношколски протести во Солун и контра-протести во Атина поради Преспанскиот договор
Денешниот протест го организираат грчки тинејџери, поради чии протести против договорот за името со Македонија десетина училишта во околината на Солун со денови се затворени.
Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас ја обвинува пронацистичката партија Златна зора дека ги поттикнува протестите на средношколците.
Во меѓувреме, во Атина се организираат студентски контра-протести. Левичарско организации повикаа на протест против националистичките и крајно десничарски протести во Солун.
