Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2018

Почина поранешниот американски претседател Џорџ Буш постариот

0
На 94-годишна возраст синоќа почина поранешниот американски претседател Џорџ Буш постариот. Веста за смртта на 41-иот претседател на САД ја објави неговиот син, поранешниот претседател Џорџ Буш помладиот.


„Џеб, Нил, Марвин, Дороти и јас со жал ве известуваме дека по 94 забележителни години почина нашиот почитуван татко. Џорџ Херберт Вокер Буш беше благороден човек и најдобриот татко, кој би можел да се посака“, напиша Џорџ Буш помладиот во соопштението што на Твитер го објави портпаролот на семејството, Џим Макграт.


Џорџ Буш постариот беше 41-иот претседател на САД. За време на неговото владеење меѓу 1989 и 1993 година заврши Студената војна, а во негово време беше изведена и воената операција „Пустинска бура” против ирачкиот претседател Садам Хусеин. Буш беше претседател во еден мандат. На изборите во 1992 година беше поразен од демократот Бил Клинтон.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса