Заев: Русија нема правна аргументација да го оспори Преспанскиот договор пред Советот за безбедност
„Таа држава нема правна аргументација. Четири од пет членки на Советот за безбедност го кажаа својот став по прашањето за договорот меѓу двете држави“, рече Заев на пленарната собраниска седница на која денеска почна втората фаза од постапката за уставните измени, согласно Преспанскиот договор.
