Американскиот претседател Доналд Трамп ја одбрал портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт за иден американски амбасадор во Обединетите нации. Нојерт која порано била водителка на телевизиите Еј Би Си и Фокс њуз, како што јавуваат американските медиуми, на таа функција ќе ја замени Ники Хејли која во октомври најави дека ќе ја напушти таа функција до крајот на годинава. Пред неколку денови Трамп за Нојерт изјави дека станува збор за одлична личност. 48 годишната Нојерт стана портпаролка на Стејт департментот во април 2017 година и досега нема никакво дипломатско искуство.