Апелација: Указот на Трамп против имигрантите е незаконски
На почетокот на минатиот месец претседателот Трамп потпиша указ со кој се забранува давање засолниште на имигрантите кои нелегално ја поминале границата со Мексико. Претседателот побара на границата со Мексико да бидат распоредени неколку илјади американски војници како помош за пограничните служби, но Пентагон неодамна одлучи целосно да ги повлече. Карванот од имигранти од Јужна Америка на границата со Мексико пристигна при крајот на ноември, кога пограничните служби применија солзавец и гумени куршуми за да ја запрат толпата од неколку стотици нелегални имигранти кои се обидуваа да се пробијат и да влезат на територијата на САД.
