Ако сака, Британија може да го прекине Брегзит сама
Меѓупартиска група тврдеше дека Британија не треба да биде во можност еднострано да ја запре процедурата за Брегзит.
Противниците на Брегзит се надеваат дека оваа судска победа ќе ги зголеми шансите за прекин на процесот, веројатно преку втор референдум.
Минатиот месец, владата на британската премиерка Тереза Меј постигна договор со Брисел за условите за излегување на земјата од ЕУ во март догодина. Британскиот парламент утре треба да гласа за договорот.
Пратеници од Лабуристичката, Либерално-демократската, Демократската унионистичка, но и од владејачката Конзервативна партија на Меј се противат на договорот, што значи дека е многу тешко тој да помине во парламентот.
