Советот за безбедност на ОН ќе разговара за иранската ракетна програма
Висок ирански воен претставник претходно потврди дека Техеран неодамна извршил тестирање на балистички ракети, што беше осудено од западните сили.
Советот за безбедност на ОН минатата недела разговараше за тестот од 1 декември за кој САД тврдат дека е спротивен на резолуција на ОН од 2015 година, која беше донесена заедно со нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили.
Велика Британија и Франција го оценија тестирањето како провокативно и спротивно на резолуцијата.
Русија, која има право на вето, го брани правото на Иран да спроведува ракетни тестови.
Резолуцијата 2231 му забранува на Техеран да тестира ракети способни за носење нуклеарно оружје, но генерално не му забранува на Иран да врши ракетни тестирања.
Иран вели дека ракетната програма му е одбранбена и нема за цел изградба на арсенал од нуклеарни проектили.
