Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2018

Грција се откажа од намалувањето на пензиите поради подобрување на финансиите

0
Грчките пратеници денеска гласаа за откажување од новото големо кратење на пензиите кое требаше да почне од 1 јануари. Пратениците по скратена постапка едногласно се откажаа од намалувањето на пензиите, со кои државата, на сметка на пензионерите, требаше да заштеди 1 процент од БДП-то, кој се проценува на 180 милијарди евра. Да не беше укината, таа мерка ќе им скратеше по најмалку 14 отсто од пензиите на околу 1,4 милиони грчки пензионери, чии пензии во изминатите години беа намалени во неколку наврати.


Опозициската Нова демократија ја обвини владата на премиерот Алексис Ципрас дека ја трампала Македонија за откажувањето од кратењето на пензиите, мислејќи притоа на Преспанскиот договор за името со Македонија, кој според опозицијата е продажба на грчкитенационални интереси.


Третата и последна меѓународна програма на финансиска помош за Грција заврши во август, но Атина се обврза на строга фискална политика во наредните години во замена за ветување на кредиторите дека ќе ѝ ја олеснат отплатата на постојните заеми. Кредиторите неодамна се согласија дека на грчкиот буџет веќе не му се потребни радикални мерки за да биде урамнотежен, што е постојано барање од ЕУ.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса