Полицијата ги истражува причините за пожарот во домот на новинарот во Белград
Непознати лица синоќа околу три часот и 30 минути го запалија домот на новинарот на порталот „Жиг инфо“ од Гроцка, Милан Јовановиќ.
Тој за порталот „Цензоловка“ истакна дека непознати лица во текот на ноќта фрлиле Молотов коктел врз неговиот дом, а потоа почнале да пукаат врз влезната врата, за да не може да излезе. Тој наведе дека е убеден дека причината за нападот е поради неговите текстови.
"Нема да престанам да пишувам за крадците и за мафијата, па нека ме убијат", наведе Јовановиќ.
Тој наведе дека и двапати преку писмо се ги известил претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и министерката за правда Нели Кубуровиќ за притисоците врз него.
