Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2018

Пахор е за постојан дијалог со Хрватска

0
Словенечкиот претседател Борут Пахор порача дека ќе се залага за смирување на напнатоста и за постојан дијалог со Хрватска. Но, посочи и дека верува оти ќе дојде до спроведување на арбитражната одлука за границата, на што инсистира Словенија, иако Хрватска не ја признава таа одлука и нуди билатерални преговори за пограничниот спор.


Пахор во интервју за словенечката национална телевизија изјави и дека за прашањето нема алтернативи, но нервоза и нетрпеливост не се потребни, бидејќи порано или подоцна границата, според него, ќе биде таму каде што ја определил арбитражниот суд. 


 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса