Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2018

Седум години затвор за поранешниот премиер на Пакистан

0
Антикорупцискиот суд во Пакистан го осуди поранешниот премиер Наваз Шариф на седум години затвор под обвинение дека поседува имот повисок од неговите познати извори на приход. Судот во Исламабад денеска ги изрече пресудите во два корупциски случаи против Шариф. Во вториот случај, тој беше ослободен од обвинението.


Шариф негира дека го прекршил законот.


Тој во јули годинава беше осуден на 10 години затвор за купување луксузен апартман во Лондон. Тој поднесе жалба на пресудата и во септември беше пуштен да се брани од слобода.


По денешното објавување на пресудата, судијата повторно му определи притвор.


Шариф падна од власт минатата година, откако беше дисквалификуван во трет мандат да ја води владата.


Пакистанските медиуми јавија дека има засилени полициско обезбедување околу судот. Кратко по пристигнувањето на Шариф во судот, поддржувачите на неговата партија – Пакистанска муслиманска лига - фрлаа камења кон полицијата, обидувајќи се да го пробијат кордонот. Полицијата употреби солзавец.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса