Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2018

Компаниите од челичната индустрија загрижени поради мерките на ЕУ

0
Заштитните мерки за увоз на одредени челични производи во ЕУ, по истекот на времените мерки во почетокот на февруари идната година, внесуваат сериозна загриженост кај засегнатите компании од челичната индустрија, членки на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија.


Како што соопшти Комората, ваквите ограничувања на увозот во ЕУ, во отсуство на други алтернативни решенија, создаваат сериозни проблеми пред договарањето на комерцијалните зделки на подолг рок, ги доведуваат во прашање почнатите и предвидените инвестициски вложувања и може да предизвикаат одредени проблеми со ангажираноста на вработените лица. Од таму додаваат дека околу 90 отсто од извозот на метални цевки од РМ се реализира во земјите од Европската унија и во моментов не постои алтернативен пазар за пласман на овие производи)


"Но, овие проблеми нема да застанат само тука, може да се очекува истите да се прошират и кај останатите поврзани компании во синџирот на снабдувањето, со што негативните последици повеќекратно ќе се мултиплицираат", смета Комората.


Оценката е дека производителите на челични цевки за кои се предвидени национални квоти, 2018 година ќе ја завршат со пласман на 180.000 тони во ЕУ, а од следната година ќе имаат квота од 110.000 тони што би претставувало намалување на приходите за приближно 45 милиони евра.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса