Чавушоглу: Повлекувањето на САД од Сирија е резултат на одлуките на Анкара
“Турција беше клучен фактор во одлуката на САД да се повлече од Сирија. Благодарение на одлуките што ги донесовме, САД ги повлекуваат своите војници,” изјави Чавушоглу.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 19 декември ја објави својата одлука да започне со повлекување на американските сили од Сирија. Тој ја образложи одлуката со тоа дека е постигната победа над Исламска држава во Сирија и оти тоа била единствената причина за присуството на вооружените сили на САД. Според американските официјални лица, повлекувањето на повеќе од 2.000 луѓе ќе трае меѓу 60 и 100 дена.
