Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2018

Се укинуваат двојните контроли на границата меѓу Албанија и Косовo

0
Преминот на границата меѓу Албанија и Косово набргу ќе биде поедноставен, а заедничка полиција ќе ги контролира возилата на патниците на едно место, најави министерот за внарешни работи на Албанија, Сандер Леши, на „Твитер“.


„Важни промени во управувањето на границата со Косово. Се отстрануваат двојните контроли. Полицијата на двете земји заеднички ќе ги извршува контролите по принципот едно запирање, една контрола“, напиша Леши повикувајќи се на одлуката на Советот на министрите.


Тој вели дека Владата на Албанија вчера ја усвоила одлуката за оваа промена, која ќе го олесни слободното движење меѓу Албанија и Косово, додавајќи дека тоа не е последната промена што ќе се случи.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса