Лавров - Русија и Турција да се координираат во Сирија по повлекувањето на САД
„Секако дека посветивме посебно внимание на новите околности што се појавија во врска со повлекување на трупите најавено од САД“, беше цитиран Лавров од страна на новинската агенција Интерфакс.
Турција и Русија имаат заедничка цел за расчистување на Сирија од сите терористички организации, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Лавушоглу по разговорите, објави државната новинска агенција Анадолу.
Чавушоглу исто така рече дека Турција ќе продолжи да биде во тесна соработка со Иран и Русија за Сирија и регионалните прашања.
Претседателот на САД Доналд Трмап изјави дека Вашингтон ќе повлече околу 2.000 американски војници од Сирија.
