Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2019

Протест на Албанците во Ѓаковица, српските верници ја откажаа посетата на манастирот

0
Стотици граѓани од албанска националност излегоа денеска на протест во Ѓаковица, во западно Косово, со цел да ги спречат верниците од Србија да го посетат тамошниот православен манастир по повод верскиот празник Божиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.


Протестот заврши откако директорот на регионалната полиција Ахмет Хаси информира дека српските верници нема да допатуваат во Ѓаковица.


Насобраните порачаа дека немаат ништо против православните верници, туку против оние коишто се преправаат дека се верници, а за кои, како што велат, знаат дека сториле тешки злосторства во нивниот град во војната од 1998-99 година.


„Ние, граѓаните на Ѓаковица, немаме проблем со нивната вероисповест ниту со нивното право на аџилак, како што тие тоа го толкуваат. Проблемот што го имаме е што меѓу нив има и лица чии дела во текот на војната ги знаеме. Тие имаат име и презиме. Но, ние сме сведоци дека истите ниту се под истрага, ниту се судат, ниту се казнуваат за тие злосторства. Во овие околности кога институционалниот молк става сол на нашите рани, нивната посета на градот кој го удавија во крв и го уништија од темел претставува провокација“, се вели во повикот за денешниот протест.


Демонстрантите на портите на православниот манастир закачија банер со имињата на Србите за кои тврдат дека извршиле воени злосторства, како и порака „Ѓаковица не заборава“.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса