Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2019

СДСМ деновиве ќе реши дали е за предвремени парламентарни избори

0
Оваа недела течат партиските и меѓу коалициските консултации, a викендов или најдоцна до крајот на месецов СДСМ би требало да донесе одлука за можноста заедно со претседателските избори во март да се одржат и предвремени парламентарни избори. Ова го најавуваат партиски извори од владејачката партија не прецизирајќи дали тоа значи дека викендов ќе се одржат седници на Извршниот и Централниот одбор.


Дека оваа недела се очекуваат разговори и во рамки на владејачката коалиција и во редовите на СДСМ во врска со тоа дали заедно со претседателските ќе се одржат и вонредни парламентарни избори, но и во врска со претседателските кандидати потврди денеска и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со нејзиниот словенечки колега Карл Ерјавец.


„Сега целиот фокус е на она што го најавувавме и на почетокот на нашиот мандат, следните неколку недели да го реализираме тоа што го најавуваме и со тоа верувам дека на вистински начин ќе заслужиме поддршка на кои било избори, не да зборуваме за следното, туку да го испорачаме тоа што сме го кажувале и вчера и завчера и изминатата година“, рече таа.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса