Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2019

Тимошенко најави кандидатура на претседателските избори во Украина

0
Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко денеска изјави дека ќе се кандидира на претстојните претседателски избори во земјата. Според анкетите, 58-годишната Тимошенко, која беше на чело на владата од 2007 до 2010 година, е фаворит за претседателските избори кои треба да се одржат на 31 март. Таа помина 2,5 години во затвор поради потпишаниот договор за гас со Русија, но на таа пресуда главно се гледа како одмазда од нејзиниот политички ривал, тогашниот претседател Виктор Јанукович.


Тимошенко ги изгуби изборите од Јанукович во 2010 година, а од сегашниот претседател Петро Порошенко во 2014 година.


Порошенко сè уште официјално не ја објави кандидатурата.


Зборувајќи на конгресот на својата партија во Киев, Тимошенко вети дека ќе ја врати контролата врз Кримскиот Полуостров, кој нелегално беше анектиран од Русија во март 2014 година, и врз побунетите области на истокот на земјата.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса