Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2019

Опозицијата во Србија го бојкотираше говорот на Пахор

0
Речиси сите пратеници од српската опозиција одлучија денеска да не присуствуваат на посебната седница на Парламентот, на која говореше претседателот на Словенија, Борут Пахор.


Пратениците на Демократската партија (ДС) на влезот во српскиот Парламент му предадоа на Пахор материјал за нападите врз претставниците на опозицијата и медиумите, како и фотографии на протестите кои се одржуваат два месеца против актуелната Влада во Србија. Притоа тие му порачаа дека не се откажуват од европскиот пат и европските вредности.


Претставниците на опозицијата се извинија за бојкот на седницата и истакнаа дека тоа е направено затоа што српскиот претседател Александар Вучиќ го „ставил Парламент во својот џеб“.


Тие повикаа на поголема поддршка од ЕУ за граѓаните во борбата за владеење на правото во Србија.


На седницата не присуствуваа пратениците од Демократската партија, Двери, Народна партија, Демократската партија на Србија, Социјалдемократската партија, Партијата на модерна Србија, Доста беше, Нова партија и независните пратеници.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса