Царовска - Од утре ќе се обесштетуваат пензионерите
Според неа, секој пензионер ќе биде обесштетен согласно неговите индивидуални уплати од работодавачот. Министерката вели дека сите пензионери ќе бидат информирани, од МАПАС ќе добиваат посебни писма.
Министерката напомена дека непрефрлувањето на средствата е откриено по направена целосна анализа и увид во податоците на Пензинскиот фонд. Правеле увид во електронскиот систем, во податоците на Пензискиот фонд, објасни Царовска.
Нејзина оценка е дека податоците секако постоеле во Пензискиот фонд, но немало анализа поради што не можеле да се изнесат факти и детали за она што се случувало.
