Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Март
2019

Заев од Тирана- ги пробивме сите рекорди за странски инвестиции

0
Премиерот Зоран Заев со владината делегација што го придружува во рамки на официјалната посета на Република Албанија, по средбата со албанскиот премиер Еди Рама, денеска во Тирана се сретна и со претседателот на Парламентот на Република Албанија, Грамоз Ручи.


На средбата, како што соопшти владината прес-служба, биле истакнати политиките на премиерот Заев како политики на визија и посветеност и успех за Република Северна Македонија, но и на земјите од целиот регион. 


Договорот од Преспа на средбата бил посочен како историски договор што ги отвори историските перспективи на нашата држава во НАТО, поради што е изразена целосна поддршка на интеграциите на Северна Македонија. 


Премиерот Заев се заблагодарил за брзата постапка на ратификацијата на Протоколот за прием на Република Северна Македонија во НАТО во албанскиот Парламент и посочил дека бенефитите почнуваат да се чувствуваат за граѓаните. 


“Ги пробивме сите рекорди за странски инвестиции, зголемен е БДП-то, намалена е невработеноста, се качуваат платите. Во тек е заокружување на клучните реформи. Очекуваме ЕУ да ги вреднува овие резултати на Република Северна Македонија во јуни”, рекол премиерот Заев. 


 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса