„Еко-свест“ ги повикува граѓаните и властите на еколошки пост
„Еко-свест“ ги повикува граѓаните да се приклучат на еколошкиот пост бидејќи, како што наведуваат, во последните неколку години нашата земја е погодена од екстремни временски услови, од полави, суши и поројни дождови со зачестени електрични празнења. Од организациајта велат дека јавниот простор во градовите е речиси непостоечки, а квалитетот на живот во урбаните средини значително намален.
„Нашата земја губи 3.000 човечки животи годишно поради загадениот воздух“, велат од „Еко-свест.“
Исто така од организацијата истакнуваат дека за време на 20-дневниот пост ќе садат македоснки растенија и зеленило на балконите и во нивните дворови, дека ќе штедат вода и оти креативно ќе го реупотребуваат пластичниот, стаклениот и текстилен отпад.
Од „Еко-свест“ на еколошкиот пост ги поканија и политички лидери, законодавниот дом, судиите, министрите и градоначалниците, упатувајќи апел до нив еколошките пости да ги употребат со цел да преземат активности за носење и спроведување правилни политики
со кои ќе ни овозможат чиста животна средина и безбедна иднина.
