ДИК: До 17 часот излезност од 35,13 проценти
На гласање досега излегле 496 774 лица. Според Гугуческа доколку би го следеле трендот на процентуална излезеност тоа би значело дека на изборите излегле 600 илјади гласачи. Највисока излезност од над 57 отсто има во Крива Паланка, а потоа следа Демир Капија, Демир Хисар и Крушево. Најниска излезеност има во Пласница, Липково, Желино и Центар Жупа.
