Случај Алмир: Бобан Илиќ повторно осуден на шест години затвор
Илиќ првично се товареше за убиство со умисла, но во првиот судски процес на рочиштето за завршните зборови обвинителството направи преквалификација. Во случајот осудени е и таткото, чичкото и братучедот на Алмир.
Алмир Алиу беше прегазен пред Здравствениот дом во Куманово на 25 јуни 2016 година по расправија во болницата.
