Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июль
2019

Со пари од ЕУ Македонија и Бугарија ќе остваруваат проекти за соработка

0
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски и министерката за регионален развој и урбанизам на Бугарија, Петја Аврамова вчера во Софија ги доделија договорите за финансирање 17 нови проекти од програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.


Вредност на проектите е седум милиони евра од кои 85 отсто се обезбедени од ИПА инструментот на Европската Унија, а 15 отсто од Буџетот на државата преку Министерството за локална самоуправа.


 Три од проектите кои треба да се имплементираат се во областа на конкурентноста, осум за развој на туризмот, а шест проекти за заштита на животната средина.


Проектите ќе се имплементиираат со партнери од двете страни на границата, а нивната вредност се движи од 120 илјади до 590 илјади евра по проект, соопшти Министерството за локална самоуправа.


Министерот Милевски им честиташе на носителите на проекти и им посака успешна имплементација.


 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса