Пендаровски: „Рекет“ да се расчисти целосно за да нема ни малку сомнеж
Тој потсети дека ЕК во својот Извештај од 2017 година не дефинираше како заробена држава, најмногу заради политичка поларизација, но и заради тоа, како што наведе, „што во бизнисот се знаеше кој може да го прави и кој смее воопшто да влезе на тоа поле“.
„Да се расчисти навистина до крај за да не се остави ни најмал простор за сомнеж, дека некој некого штити или дека повторно се рециклираат некои лоши практики од минатото, кога одредени политички фактори штитеа бизниси, односно беа заштита за криминалните бизниси и на тој начин знаеме до кое дереџе дојдовме“, истакна Пендаровски,
